ДЕЛОВНА МИСИЈА
ТУРЦИЈА - МАКЕДОНИЈА

11 септември 2025
DOUBLE TREE BY HILTON,
СКОПЈЕ
Diamond Conference Hall
10:00 – 18:00

Регистрацијата и учеството на настанот се бесплатни!

ИДДМИБ со задоволство Ве поканува:
-

Скопје ќе биде значајна дестинација на балканската турнеа на турската трговска делегација!
На 11 септември 2025 делегација составена од турски компании и претставници на бизнис заедницата од Истанбул, градот познат по индустрискиот развој и својата улога во меѓународната трговија, ќе го посети Скопје за прв пат.
Оваа бизнис мисија се организира од страна на Здружението на извозници на метали од Истанбул (ИДДМИБ), кои во рамки на балканската турнеа за развој на економска соработка за прв пат ќе ја посетат Северна Македонија.

Со активно учество на глобалните саеми, организирање на бизнис турнеи и менаџирање на дигиталната платформа "Trade365", ИДДМИБ ја развива својата соработка со мотото
“Made in Türkiye, trusted worldwide.”

На состаноци со турски компании кои се дел од бизнис делегацијата со компании од Северна Македонија, кои ќе се одржат на 11 септември во периодот од 10:00 – 18:00ч во сала Diamond, Double Tree by Hilton Hotel – Скопје.
-

Цел, можности и придобивки
  • Настанот претставува конкретна можност за компаниите од Северна Македонијаë и Турција да формираат нови партнерства и да развиваат соработка во клучни области.
  • Непосредни средби (B2B) со компании од Турција кои дејствуваат во области случни на Вашиот делокруг на работа – чекор поблиску до успешна соработка и развојот на Вашиот бизнис.
  • Запознајте ги новостите на пазаротимајте пристап до нови технологии и производи и искористете ја можноста да откриете нови модели на соработка.
  • Учеството на официјален меѓународен настан ќе го надгради профилот и ќе ја зајакне довербата на Вашата компанија, создавајќи можности за средби со потенцијални високопрофилирани и влијателни странски партнери.

Профили на компании
  • Градежништво и градежни материјали
  • Материјали, алатки и опрема за безбедност при работа
  • Производство алумински и ПВЦ фасади и панели
  • Метали и секаков вид на метални производи
  • Платформи и подвижни системи
  • Машинерија и делови за фабрики
  • Производи за енергетска, нафтена и гасна индустрија
  • Автомобилска индустрија
  • Керамика и хифдрисанитаија
РАЗГЛЕДАЈ ГИ КОМПАНИИТЕ
РЕГИСТРИРАЈ СЕ
1. Градежен сектор
2. Материјали и алати за безбедност при работа
3. Метали и метални производи
4. Подигнувачки платформи и подвижни системи
5. Фасади, панели – алуминиум, ПВЦ и др.
6. Машини и делови за фабрики
7. Автомобилски сектор
8. Сектор за керамика и хидросанитарии

*Регистрацијата и учеството на настанот се бесплатни!

* Собраните податоци ќе се изработат согласно Закон за заштита на личните податоци. Овие податоци ќе се искористат исклучиво за организирање на споменатиот настан и ќе бидат избришени согласно законско предвидениот рок.

За настанот

DOUBLE TREE BY HILTON Сала “DIAMOND”

Булевар АСНОМ
17, 1000 Скопје

11 септември 2025, 10:00 – 18:00

Контактирајте нè!

info@b2b-makedonija.com
‪+389 72 63 4006

03

Развијте ги Вашите познанства и откријте ја можноста за конкретна соработка!

На Б2Б средбите кои ќе се одржат во Северна Македонија ќе присуствуваат еминентни компании од Турција од областите на градежништво и градежни материјали, материјали, алатки и опрема за безбедност при работа, производство алумински и ПВЦ фасади и панели, метали и секаков вид на метални производи, платформи и подвижни системи, машинерија и делови за фабрики, производи за енергетска, нафтена и гасна индустрија, автомобилска индустрија, како и керамика и хифдрисанитаија.

Ова претставува идеална можност за создавање нови контакти, запознавање нови бизнис партнери, како и квалитетни производи со добри цени и модерни технологии, и креирање на нови конзистентни мостови за соработка меѓу Северна Македонија и Турција.

Ве очекуваме на 11 септември 2025, во периодот од 10:00 до 18:00ч, во Double Tree by Hilton, сала Diamond!

ОРГАНИЗАТОРИ

За ИДДМИБ

Здружението на извозници на црни и необоени метали од Истанбул (ИДДМИБ) е основана во 1986 година во рамки на генералниот секретаријат на Сојузот на извосници на минерали и метали, со цел поддржување на етаблирањето на турските извозници во глобалната сцена.

Со близу 8.000 членки, ИДДМИБ игра клучна улога во развојот и промоцијата на металната индустрија преку следните активности:

  • Организација на трговски делегации и учество на меѓународни саеми
  • Проекти за зголемување на конкурентноста на претпријатијата
  • Обуки, семинари и информативни сесии за извозници
  • Поддршка и имплементација на државни програми за извоз
  • Аналитички студии за меѓународните пазари и потребите на индустријата
  • Дигитални платформи како „Trade365“ за поттикнување на трговски контакти
  • B2B средби и посети на компании за директно економско поврзување

ИДДМИБ претставува сектор со стратешко значење за турската економија, кој извезува во над 150 држави и значително придонесува кон одржливиот економски раст на земјата и партнерствата.

mk_MKMacedonian